Skip to main content

Уште 220 лица со симптоми на труење за едно деноноќие се јавиле во болницата во Гостивар

Во последното деноноќие во гостиварската болница биле примени 22 жители со симптоми на затруеност изјави за весникот Вечер директорот на болницата Емри Бајрами.

Пациентите се симптоми на повраќање и дијареа, некои со температура, истретирани во дневна болница со инфузија, засега нема хоспитализиран случај“, вели Бајрами.

Директорот на болницата каде последниве денови има наплив од затруени жители, над 1200, вели дека се екипирани и утре ќе разговара со министерството за здравство за евентуална помош доколку бројот на пациенти со стомачни тегоби се зголемува.

Во меѓувреме, од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) најавија дека резултатите од анализите на водата од градскиот водовод во Гостивар ќе бидат готови утре. До тогаш останува препораката водата да не се користи за пиење, готвење или каква било друга употреба. Резултатите од анализите ќе бидат доставени и до Основното јавно обвинителство, кое потоа ќе одлучи за натамошниот тек на постапката.

По наредба на јавен обвинител, локацијата кај Вруток и понатаму е обезбедена, додека истрагата продолжува. Во петокот, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за забрана на употребата на водата за пиење од градскиот водовод.

Поврзани вести