Skip to main content

Стружанец возел со 2,56 промили алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа

МВР

45- годишен стружанец е приведен откако, управувајќи автомобил под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода на регионалниот пат кај струшкото село Калишта.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 18 јули во 21:12 часот. Н.Б. (45) од Струга управувал „тојота“ со струшки регистарски ознаки, а при увидот полициските службеници констатирале дека имал 2,56 промили алкохол во крвта.

По налог на јавен обвинител, возилото му е одземено, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани вести