Skip to main content

Група бранители од Карпалак: Наместо пред вистински споменик, 25 години се поклонуваме пред обична плоча крај патот

Група бранители од 2001 година, меѓу кои и преживеани од масакрот кај Карпалак кога загинаа дестмина прилешчани во подлиот напад на терористите на ОВК. Тие од местото на нападот револтирано упатија јавна порака и барање да се направи споменик на нивните загинати соборци, намести меморијалната плоча поставена крај автопатот, која неколкупати беше кршена и обновувана.

25 години наместо пред грандиозен споменик се поклонуваме пред обична плоча, ниту една партија на власт досега не собра храброст да изгради достојно спомен обележје, се чувствуваме како ние да сме терористи, а не тие кои ја нападнаа државата“, е нивната порака.

Овие бранители се пожалија и на тоа дека секоја година кога се одржуваат церемонии за оддавање почит на загинатите херои, тие како делегација последни положувааат цвеќе на спомен обележјето на Карпалак.

Поврзани вести