Skip to main content

Сестрата на Ким Џонг Ун: Cеверна Кореја ќе даде соодветен одговор на милитаризацијата на Јапонија

КЦНА

Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, порача дека Cеверна Кореја ќе даде соодветен одговор на милитаризацијата на Јапонија, пренесе „Блумберг“.

Постоењето на можност за превентивен напад од страна на воениот злосторник Јапонија претставува сериозна закана што го поткопува глобалниот мир и безбедност. Cеверна Кореја нема пасивно да ја набљудува милитаризацијата на Јапонија“, истакна сестрата на севернокорејскиот лидер.

Забрзувањето на воената експанзија е потврдено од неодамнешните тестови на американските ракети „Томахавк“ во Јапонија. Според најавите, до 2028 година, САД ќе испорачаат 400 вакви ракети со долг дострел на Јапонија.

Неодамна, Јапонија учествуваше во воени вежби предводени од САД на Филипините, а годишниот извештај за одбраната за прв пат вклучи дел за напорите на Јапонија да ја развие својата воена индустрија.

Поврзани вести