Skip to main content

Трајков се сретна со полскиот амбасадор: Фокус на разговорите – реформската агенда

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Република Полска, г. Мариуш Бримора.

Разговорот беше посветен на реализираните реформи, тековните активности на институциите и спроведувањето на Реформската агенда.

Трајков ги презентираше активностите за исполнување на реформските приоритети, со акцент на јакнењето на институционалните капацитети и усогласувањето со европските стандарди.

Беше разговарано и за можностите за продлабочување на билатералната соработка и размена на искуства во областите значајни за реформскиот процес.

Средбата ја потврди важноста на континуираниот дијалог со земјите членки на Европската Унија и на партнерската поддршка во остварувањето на европската перспектива на нашата земја.

Поврзани вести