Skip to main content

Тошковски: Македонија не ги заборава своите херои-полициските службеници пред 26 години во Арачиново беа убиени во заседа

Македонија никогаш не ги заборава своите храбри синови.

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак. Во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, тие подмолно и сурово беа убиени во заседа.

Со длабока почит кон нивната жртва, денес положив свежо цвеќе пред споменикот на бранителите во кругот на Полициската станица Гази Баба, со јасна порака дека нивното херојство никогаш нема да биде заборавено.

Хероите на Македонија живеат вечно во нашата колективна меморија, а нивната жртва останува траен завет за сегашните и идните генерации.

Нека им е вечна слава!

Поврзани вести