Skip to main content

Тони Коњановски со жителите од Јени Маале: Заедно градиме силна приказна

Денеска во срцето на населбата Јени Маале, Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола, одржа мини митинг со жителите од оваа населба.

Во пријатна атмосфера, преку искрени разговори и взаемна доверба, Коњановски ја претстави својата визија за развој на општината, истакнувајќи ја важноста на заедничката работа со граѓаните за остварување на победничка приказна.

Заедно со народот, за нова иднина, за победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, порача Коњановски, охрабрувајќи ги присутните да продолжат да учествуваат активно во креирањето на подобра Битола.

Настанот се одвиваше во дух на непосреден дијалог, што според Коњановски е клучно за разбирање на потребите и очекувањата на граѓаните.

Поврзани вести