Skip to main content

Таравари за случајот со директорот на Геријатрија: Испораката на правда мора да биде неселективна, секој што се огрешил пред законите, мора да одговара

МИА

Алијанса за Албанците на Арбен Таравари се огласија преку соопштение откако денеска во заедничката акција на МВР и Обвинителството е уапсен директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември Скопје” за мито.

АА ги повикува надлежните државни органи во брза и ефикасна постапка да ги расчистат сите околности поврзани со конкретниот кривично правен настан.

Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност, без разлика на етничка, верска или политичка припадност. Испораката на правда мора да биде неселективна и во согласност со сите уставно-правни механизми и темелни вредности. АА останува силно посветена на борбата против корупција и темелна реформа на државниот систем со цел сите девијантни појави да бидат сведени на минимум. Албанскиот народ не заслужува да го претставуваат лица кои евентуално се обидуваат нелегално да се збогатат на здравствените маки на граѓаните. Ова е недозволиво и надвор од принципите кои ги застапуваме, се наведува во соопштението.

Во соопштението се додава дека партиските органи на АА ќе ги преземат сите неопходни статутарни чекори за зачувување на угледот на партијата.

Поврзани вести