
Односите меѓу партнерите во коалицијата се стабилни. Јас сум фокусиран на работата во Министерството за здравство и ќе продолжам да работам и на 1, 2 и на 5 април, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, одговорајќи на новинарско прашање, во врска со објавите на дел од медиумите дека тој ќе раководи со ресорот здравство до април.
Јас утрово се разбудив со 50 пораки, со прашање дали давам оставка. Фокусиран сум на работата во Министерството за здравство. Односите меѓу партнерите во коалицијата се добри, стабилни. Јас продолжувам да ја вршам функцијата министер за здравство и на 1, 2 и на 5 април, рече Таравари.
Како што посочи, фокусиран е на работите кои што се важни за пациентите, како и за добросостојбата на пациентите од Кочани, но и генерално на сите пациенти во државата.