Skip to main content

Таравари: Во 99% лекувањето на пациентите во странство е бесплатно

Министерот за здравство, Арбен Таравари информира дека 162 пациенти моментално се лекуваат низ болниците во Македонија. Добра вест е што денеска ќе се испишат 10 пациенти и ќе бидат испратени на домашно лекување.

Во странство, вкупно на лекување се 115 пациенти. Во Србија има 30, во Бугарија 15, во Грција има 12 од кои двајца се критични. Во Турција има 12 пациенти. Во Шпанија има 7 пациенти, а во Австрија пет пациенти. Во Словенија се примени четири пациенти.

Според Таравари, освен еден пациент кој што е сметен во Турција и кој е во многу критична состојба, другите се во сериозна, но стабилна состојба.

-Генерално, во 99% лекувањето (на пациентите во странство) е бесплатно, сигурни сме и нема потреба никој да собира пари. Дури како Влада обезбедивме и за по двајца родители или членови на семејство да патуваат и плати Владата и плус сместување во сите држави. Ова е вистината. Нема потреба за шпекулации. Ова е објавено во претходно. Можеби во некоја држава, меѓутоа генерално 99% од лекувањето во сите болници е бесплатно, кажа првиот човек на македонското здравство во изјава за медиумите, додавајќи дека во текот на денот ќе има детали за токсиколошките анализи.

Поврзани вести