
Прес службата на Владата известува дека, 13.08.2025 година (среда) ќе се одржи одбележување на 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
„По тој повод со почеток во 10:00 часот во Свечената сала во Владата на Република Македонија ќе се одржи свечена седница на која ќе се обрати, Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија“, се вели во владиното соопштение.
Настанот ќе биде пренесуван во живо на „Фејсбук“ и „Јутуб“ каналот на Владата.