
Дафина Стојаноска, членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, се обрати на митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Гостивар.
Иако се работи за локaлни избори пред година и половина со вас ги сработивме последните парламентарни на кои се достигна рекордот во освоени гласови, а после кои кажав дека таа бројка треба максимално да се испочитува и одговорно да се зафатиме со работа. Со вас заедно сме поминале бројни избори наназад и знаеме што значи добар изборен резултат и што значи победа за ВМРО-ДПМНЕ во овие краишта. Во Гостивар ВМРО-ДПМНЕ е партијата која на чело со претседателот Мицкоски останала на кажаното, а тоа е дека посебно ќе се грижи за гостиварчани и за цела западна Македонија – рече Стојаноска.
Таа потенцира да не дозволуваат да ги демотивираат и одвраќаат од гласање.
Не дозволувајте на лична основа да преговараат со вас и да ви ветуваат се шти ќе посакаат само за себе. Така се губи општиот интерес кој ако сем цврсто обединети, потоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го преточи во политики од кои корист ќе имаме сите, апсолутно сите. Зашто ова најмногу им одговара на овие од ДУИ или од НАИ или Алијанса на Таравари или Алијанса на Села. Никој веќе не може да запамети кои беа и од каде беа. Битно сега Али ги собра на купче и сега мора да одработат за него – потенцира Стојаноска.