Skip to main content

Стаменкоска Трајкоска: Владата за краток период ја смени сликата наследена од СДС

На денешната панел-дискусија „Жените во домашната и меѓународната политика“ гостуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска која дискутираше за учеството на жената во политиката и нејзините секојдневни предизвици.

Пратеничката на самиот почеток нагласи дека не е лесно да се биде жена во политиката но дека со добра организација може да се биде успешен политичар.

Не е едноставно да се биде жена во политиката бидејќи тоа е еден интересен свет кој еве го живеам скоро 5 години активно во политиката како пратеник, со добра организација може се да се постигне и може да се биде успешен политичар, ние мораме да го правиме тоа заради тоа што даваме еден личен пример за останатите жени во Македонија дека можат тие да бидат дел од политичкиот живот во Македонија и дека се постигнува се кога се сака“, рече Стаменкоска Трајкоска.

Пратеничката неодамна се стекна со одликувањето „Витез од редот на академски палми“ од страна на Република Франција како резултат на нејзиното учество и вложен труд во промоција на францускиот јазик и култура и објасни дека партнерите во меѓународната политика со доаѓањето на новата власт Македонија ја гледаат со други очи.

Станува збор за едно одликување кое е старо 200 години, и 200 години Француската Република даваат вакви именувања на луѓе кои даваат посебен придонес во промовирање на францускиот јазик и француската култура, со самото влегување како пратеник во Собранието јас зедов учество и во делегацијата на парламентарното Собрание на франкофонијата со тоа што ние направивме програма во секцијата по која работиме“, објасни пратеничката и додаде „Целиот оној минат труд што ние сме го направиле за меѓународна промоција на Македонија, партнерите кои се во меѓународната политика со поинакви очи не гледаат заради тоа што гледаат завршени дела, гледаат работа, посветеност, никако не смееме да заборавиме во каква состојба претходно ни беше државата, сите системи се што е поврзано со политиката“.

Пратеничката истакна дека Владата ја наследила државата во момент на слободно паѓање и нагласи дека жените треба да бидат што повеќе застапени во политиката.

Владата ја наследи државата во еден момент на слободно паѓање, имавме претходно власт која многу ја крадеше оваа држава, за да ја анализираме состојбата во Македонија после 9 месеци промена на власт ние мораме да знаеме што сме имале претходно и да не го заборавиме, треба да не има повеќе, жените знаат да сработат жените знаат“, рече Стаменкоска Трајкоска.

Поврзани вести