
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претставниците на Сојузот на синдикати во високото образование.
На средбата беше разгледан напредокот и следните чекори за завршување и потпишување на Колективните договори со петте државни универзитети.
Страните ја истакнаа важноста од завршување на овој процес во предвидените рокови, сметајќи го за неопходен чекор за подигнување на квалитетот на високото образование и подобрување на статусот на академските вработени.
Претседателот Гаши истакна дека Собранието е целосно посветено и постапува приоритетно за завршување на овој процес: „Потпишувањето на Колективниот договор е висока цел за мене лично, но пред сè е од суштинско значење за професорите и за подигнување на квалитетот на високото образование“.
Од друга страна, професорите што ги застапуваат синдикатите го пофалија претседателот на Собранието Гаши за неговата континуирана посветеност, конструктивен пристап и доследен став во поддршка на универзитетите, нагласувајќи ја брзата акција на Собранието во решавањето на нивните барања како пример за институционална поддршка.
Вие сте првиот претседател на Собранието кој излезе да ги поддржи сите универзитети во потпишувањето на Колективните договори, ова ни дава доверба дека процесот ќе биде успешно завршен“, нагласи еден од претставниците.
Страните се согласија да ја интензивираат својата работа и навремено да одговорат на своите обврски за да се постигне реализацијата на заедничката заложба за подобрување на квалитетот на високото образование во земјата.

Македонски









