
Поранешната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство, Лејла Кадриу, јавно проговори за тоа како работело Специјалното јавно обвинителство со кое раководеше Катица Јанева, а за чие постоење, како што самата вели, немаше уставен основ.
Еден ден, во нејзината канцеларија влегол некој човек.
Добар ден, обвинителке, ми вели, јас сум советник на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Го прашувам што бара тука. Тој знаеше кој предмет го работам, а таа информација ја имаше само Катица. И пак го прашувам што бара кај мене во канцеларија. А, тој ми вели: Знаете обвинителке, вие го работите тој и тој предмет, ама треба да се прошири“. И ми ги кажува лицата против со кои тој предмет треба да се прошири. Му велам, ти си советник таму на политички поставена личност, а доаѓаш кај мене, јавен обвинител под заклетва, да ми кажуваш што да правам со моите предмети. Надвор да те нема. Надвор да те нема од канцеларија. И го избркав, тврди Кадриу.
Таа смета дека советникот на Спасовски тоа го правел и кај другите обвинители, само што тие си молчеле.
Тоа беше лов на вештерки. Значи се донесоа тие материјали и беа предадени без записници, ама требаше да се врши притисок и врз судиите за да напишат тоа што мора да помине. Материјалите да станат доказ и да се прифат обвиненијата да се создадат услови да се врши притисок на сите судии што да напишат глупо за тоа мора да помине. Сите беа под лупа, да се соработува. Значи, тоа не беше обвинителско и професионално однесување, тоа беше каубојско однесување вели Кадриу.

Македонски



