Skip to main content

Сопругата на Игор Југ со емотивна порака по смртта на Кире Ѓорѓиевски: „Истата неправда, истата тишина зад затворските ѕидови“

По веста за смртта на Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, кој почина во штипскиот затвор, со емотивна порака на социјалните мрежи се огласи Ивана Југ — сопругата на покојниот Игор Југ, исто така осуден во истиот предмет.

„Со длабока болка и искрено сочувство. Ноќеска не напушти Кире — уште еден од осудените во истото политичко дело во кое беше осуден и мојот сопруг. Судбината, за жал, повторно ја отвори раната. Истата приказна, истата неправда, истата тишина зад затворските ѕидови што зема животи пред вистината да излезе на виделина,“ напиша Југ.

Таа потсети дека и нејзиниот сопруг Игор не ја дочекал правдата, истакнувајќи дека заминал „со вера дека еден ден вистината ќе победи“.

„Сега, кога слушам дека и Кире го заврши својот живот во истите околности, срцето ми се кине — затоа што знам што значи тоа. Знам што значи да изгубиш човек зад решетки, во тишина, без правда, без мир,“ додава Југ.

Во својата објава таа изрази и сочувство до семејството на Ѓорѓиевски:

„На семејството на Кире им упатувам најдлабоко сочувство. Нека Господ им даде сила да издржат во овие тешки моменти, како што секој ден ние се бориме да го носиме споменот за нашите најмили. Нека почива во мир, а вистината нека најде пат до светлината. Зашто вистината не умира — само чека некој да ја чуе“.

Поврзани вести