
Собранието попладнево во рамки на 70-та седница ги верифицира мандатите на тројцата нови пратеници Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. Стојановски доаѓа на местото на Игор Никовски, кој претходно ја известил ДИК дека не го прифаќа мандатот.
Тие доаѓаат на местото на Бети Стаменкоска-Трајкоска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на Кисела Вода, Сопиште и Прилеп.

Македонски









