Skip to main content

Собранието денеска ќе го ратификува законот за изградба на железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија

 – Собранието денеска на продолжение на 76-та седница треба да гласа за Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел.

 Договорот беше потпишна во Ѓуешево на 6 ноември  од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан  Караџов. Со него се уредуваат техничките, финасиските, правните и организациските прашања поврзани со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел во насока Софија-Ѓуешево – Крива Паланка-Скопје.   Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри од кои 1,2 километри на територијата на државава. 

На дневен ред на седницата се и Предлог на закон за изменување на Законот за буџети и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка. Исто така и предлог законите за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за Фотонапонска електроцентрала Битола 3,  меѓу Европската банка за обнова и развој и АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, како и на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за Фотонапонска електроцентрала Битола 3 и за дополнително финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка. 
 
На дневен ред на седницата е и Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Исто така и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за државните награди, на Законот за прекршоците, на Законот за извршување на санкциите, на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, на Законот за возила, на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,  на Законот за полиција, сите по скратена постапка

Поврзани вести

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositzirvebetbahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişcasibomAvvabetAvvabet GirişAvvabet GirişAvvabetAvvabet GirişAvvabetAvvabetstarzbetcasibombahsegel girişbahsegelmeritkingholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobet