Skip to main content

Со свеченост Специјалната антитерористичка единица ТИГАР одбележа 44 години од формирањето

Фото: Принтскрин

 Во Касарната „Илинден“- Скопје денеска со свечена церемонија беа одбележани 44 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на свеченоста истакна дека во своето петдецениско постоење САЕ Тигар од аспект на професионалност, стручност, обученост на своите припадници, претставува вистинска гордост, како на МВР, така и на цела Македонија.

-Македонија е горда на своите тигри. Во нашата посветеност за унапредување и модернизација на безбедносниот сектор кој мора да одговори на сите предизвици со кои се соочуваме како држава, јасна и многу важна е улогата на специјалната антитерористичка единица во организациската структура и делувањето на нашето Министерство. Оттука, целосно логично е оваа високо специјализирана полициска единица, една од најсложените во безбедносната структура на МВР, секогаш во секое време да биде целосно подготвена, ефикасна и обучена, технички и човечки опремена до перфекција, со цел брзо и ефикасно извршување на специфичните и сложени задачи кои ги има во своето секојдневно работење, рече минисерот потенцирајќи дека и во иднина оваа единица ќе ја има сета поддршка и посветеност во насока на обезбедување и унапредување на материјално технички услови во кои работат и функционираат.

Тошковски истакна дека заедно со колегите од другите специјализирани одделенија, САЕ Тигар во минатиот период заплениле над пет килограми кокаин, разбиле кримнална група која била одговорна за осум убиства, заплениле над 150 килограми марихуана, секојдневно го чуваат градот и државата безбедно.

-Основата на се без која САЕ Тигар нема да биде она што е денес е високо професионална специјална единица, на ниво на стручни перформанси и ефикасност на иста рамнина со најдборите слични полициски единици од Европа и светот, се нејзините припадници или човечкиот капитал на единицата. Трудот, знаењето, стручноста и нивото на професионален и човечки интегритет пожртвуваност и достојност се карактеристиките кои ги поседуваат секој еден припадник на единицата и кои генерираат кредибилитет на САЕ Тигри. Оваа единица останува да биде лидер од аспект на професиналност обученост, секогаш на висина на здачата со крајна цел ефикасна заштита на уставниот поредок и ќе продолжи да ја оправдува довербата и почитта од сите нас. Припадниците на ТИГАР редовно посетуваат врвн обуки како во земјата, така и во странство во рамки на меѓународни проекти, и вежбаат, се обучуваат рамо до рамо со светски познати елитни единици. И често се дел од тактичко-оперативни вежби со национален и меѓународен карактер. За сето погоре, сами за себе зборуваат и резултатите од терен. Припадниците на ТИГАР се круцијален сегмент од оперативните акции на МВР. Тие секогаш ги извршуваат најтешките спасувачки мисии. Без нив не се реализира поголема акција за недозволена трговија со дрога, оружје, криумчарење мигранти односно сите форми на организиран, сериозен и насилен криминал, рече минисерот Тошковски.

Командантот на Специјалната антитерористичка единица (САЕ) ТИГАР,  Драган Прокоповски истакна дека при процесот на осамостојувањето на Република Македонија, период кога се распаѓаше тогашната југословенска Народна армија  а со тоа и безбедносниот систем во целина, во време кога македонската Армија беше во фаза на формирање, нивната единица била ангажирана за извршување на специфични безбедносни задачи во државната граница и во внатрешноста.

-Со текот на годините, Единицата растеше, се развиваше и се усовршуваше профилирајќе се во она што денеска претставува високо професионална, специјализирана, обучена и врвно опремена формација подготвена за успешно справување со сите предизвици што ги доведуваат во прашање националната безбедност и безбедноста на граѓаните. Покрај секојдневните активности за обезбедување на ВИП лица, нашата единица во соработка и координација со другите оддели и сектори Бирото за јавна безбедност и МВР, а особено со одделот за сузбивање на организиран сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, успешно реализиравме голем број на задачи за сузбивање на организирани криминални групи и терористички ќелии, при што членовите на овие криминални терористички групации беа лишени од слобода меѓу кои и лица барани по домашни и меѓународни потерници а при тоа беа запленети големи количини на наркотични средства, оружје и муниција, рече Прокоповски. 

Поврзани вести