
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека претставници на неговиот тим одржале тричасовна средба со иранска делегација во Њујорк, оценувајќи ја како „многу добра и продуктивна“, и најави дека наскоро ќе следува нов круг разговори.
Говорејќи на прес-конференција, Трамп потврди дека состанокот завршил непосредно пред неговото обраќање пред новинарите.
Тоа беше средба што траеше три часа и беше многу добра. Морам да ви кажам, беше многу добра. Не можам да замислам зошто тие не би сакале да го направат тоа – истакна Трамп.
Зборувајќи за изборот со кој се соочува Техеран, американскиот претседател истакна дека за Иран постојат две опции.
Постојат две алтернативи. Во едниот случај е уништување — тоа е многу лоша работа, а другата алтернатива е потенцијална големина што би можела да доведе до големи работи за земјата. Тоа би можело да биде голема земја – изјави Трамп.
Запрашан за составот на американската делегација, Трамп посочи на специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер. По подоцнежната потврда дека наскоро е закажана нова средба, Виткоф кусо изјави: „Во моментов се чувствувам многу добро. Благослов е да се работи за претседателот Трамп“.

Македонски


