Skip to main content

Со колку собрани потписи независнит кандидати за градоначалници и советници ќе одат на избори?

Македонија може да се најде во правен вакум пред локалните избори. откако Уставниот суд ги укина членовите 17 и 18, со кои беше кренат прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи.

Укинатите членови предвидуваа дека за кандидатура се потребни потписи од еден отсто од вкупниот број гласачи запишани во конкретната изборна единица, ако станува збор за парламентарни избори или од конкретната општина, ако станува збор за локални избори.

Пред овие измени, беа доволно 1.000 потписи за некој независен кандидат да се најде на избирачкото ливче. По укинуваката одлука на Уставниот суд пратениците се согласија независните кандидати за влез во изборната трка да мора да соберат најмалку 100 и најмногу 3.500 потписи во зависност од бројот на избирачи

Поврзани вести