Skip to main content

„Случај Рекет 2“: Познат адвокат со силни судски врски дел од новиот рекет скандал кој го истражува обвинителството

Познат скопски адвокат кој има блиска роднина на моќна позиција во Скопскиот кривичен суд е дел од новиот случај на рекет кој го истражува обвинителството. Ова го тврдат вработени во поранешното Специјално јавно обвинителство кои ги знаат релациите меѓу Боки 13, Катица Јанева и адвокатот инволвиран во случајот кој сега го истражува Јавното обвинителство, објави „Експрес.мк“.

Според „Експрес.мк“дел од оваа рекетарска шема е познатиот адвокат кој и преходно се споменуваше за скандали тешки милиони евра а кој досега не беше осуден.

За случајот знаеле повеќе луѓе во поранешното СЈО затоа што луѓе блиски на Боки 13 полујавно зборувале дека познат бизнисмен ќе биде гонет (точниот израз кој се употребувал за него бил ,,ќе робија”) ако не даде огромна сума на пари.

Изворите на expres.mk тврдат дека бизнисменот бил уценуван од неформален тим кој функционирал во простории на СЈО но никој од обвинителите не сакал да го пријави незаконското однесување.

Овој случај може повторно да ги одведе во затвор Катица Јанева и Боки 13, обвинители кои го работеле случајот кои знаеле дека бизнисменот бил рекетиран но и други лица кои по налог на Катица Јанева и Боки 13 злоупотребиле државни ресурси за уцена на бизнисменот.

Меѓу луѓето кои знаеле за рекетот но не биле дел од него е и една поранешна обвинителка на СЈО која сметала дека Катица Јанева ,,знаела што прави”.

Извор „Експрес.мк“

Поврзани вести