
Koмесарката Марта Кос со вчерашната изјава барем за неколку проценти го крена евроскептицизмот кај македонските граѓани.
Таа се дрзна среде Скопје македонскиот идентитет да го спореди со јадења. Очекуваме кога ќе оди во Софија бугарскиот идентитет да го спореди со некои нивни јадења, српскиот идентитет со „роштиљ“ , а грчкиот со гиро и суфлаки.
Секако дека тоа нема да го направи. Од посетата на нехаризматичната Словенка се уверивме дека на ЕУ не и грижа за македонскиот идентитет и оти секако ќе застане на страната на Бугарија.

А за нас ќе остане пинџурот, погачата,тавче-гравчето полнетите пиперки. Ајварот не го спомена, можеби затоа што нејзината Словенија го патентираше како национален производ.
Кос добро знае дека македонскиот идентитет е македонскиот јазик и народ и оти тоа е она што Бугарија ни го негира. А полнетите пиперки и пинџурот се само македонски јадења и ништо друго.
Еврокомесарката вешто одбегна да одговори дали барањето да ги внесеме Бугарите ќе биде последно барање на офиијална Софија. Секако дека нема да биде, тоа ќе биде само првата отстапка што ќе треба да ја направи, по што ќе следи уште една, па уште една и така во недоглед.

Марта, јас не знам што е твојот словенечки иденитет, иако некогаш бевме во иста држава, но мојот идентитет е Гоце Делчев, Даме Груев, МПЦ, Сандански, Блаже Конески.. а не пиперките.
Марта Кос била соработник на УДБА?

Радио телевизија Словенија (rtvslo) минатата година пишуваше дека Марта Кос во минатото била соработник на југословенската тајна служба УДБА. Беше и објавено и нејзиното кодно име а таа демантираше.
Пред да станам амбасадор во Германија и Швајцарија бев проверена од нивните безбедносни служби. Доколку им штетев на интересите на Словенија никогаш немаше да работам во владата или да бидам амбасадор-изјави Кос за домашните медиуми.
Игор Чавески