Skip to main content

„Шишање на големо“: Во време на Заев фризерско студио спроведувало едукација за медиумска писменост за 270.000 евра

Злоупотребите на финансиските средства во време на власт на СДС, за партиски потреби, сè се поевидентни.Изминатиот период излезе на површина како во време на Зоран Заев и Лидија Димова, европските пари на Агенцијата Еразмус+ завршувале кај лица блиски до СДС, и тоа за сомнителни проекти кои немаат никаква врска со образованието и едукација на младите, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

Во истиот овој период и фризерница доби пари од Еразмус+, и тоа за медиумска писменост. За овој проект Заев и Димова на фризерскиот салон му доделиле над 270 илјади евра, во период од три години.

Станува збор за фризерско студио со само две столчиња, на кое Заев и Димова во период од неколку години му доделиле неповратни средства, односно грантови, во вредност од над 270 илјади евра.

И овде, како и кај до сега објавените случи на доделени грантови од Еразмус+, сопственикот на фризерницата е поранешен граѓански и партиски активист на СДС.

За овој случај како и за другите вакви проневери на финансиски средства за задоволување на партиските потреби, каде парите завршуваа кај лица блиски до СДС, и во тој период имаше многу реакции во јавноста.

Но, иако судии, професори, партиски членови и лица блиски до СДС се наполнија со пари за проекти вредни стотици илјади евра, одговорност немаше. Обвинителството и тогаш и сега молчи и ништо не презема за да ги испита сериозните индиции за сторен криминал и корупција.

Затоа повикуваме, нивните судии и обвинители да престанат да ги штитат, туку да ги истражат наводите за злоупотреба на финансиските средства за партиски цели.

Одговорност мора да има, а моменталната паника и страв во СДС е токму поради тоа што на виделина излегува нивното корупциско и криминално владеење во Агенцијата Еразмус+.

Поврзани вести