
Македонската Радиотелевизија ја информира јавноста дека поради сериозен технички проблем не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17.00, во 19.30 и во 22.30 часот, на ден среда, 15.10.2025.
Се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечките сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија. Во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции. Јавниот сервис им се извинува на граѓаните за неможноста да ги следат централните информативни изданија на нашата програма.
Македонската Радиотелевизија ќе продолжи да известува навремено и објективно, во интерес на јавноста, се вели во соопштение на Македонската Радиотелевизија.