Skip to main content

СДСМ: Свети Николе заслужува повеќе

Градоначалникот Дејан Владев и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа европски Свети Николе, а за четири  години не донесоа ништо освен разочарување, нови долгови, тотално распаѓање и смрдеа, стои во соопштението на СДСМ од прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Свети Николе, Дејан Гичев:

Денес, Свети Николе е град каков што граѓаните не го заслужуваат, без план, без визија и без развој. Дејан Владев не направи ништо значајно за граѓаните, но затоа остави длабоки финансиски дупки и траги од неработа на секој агол од градот.

Долгот на Општината е над 90 милиони денари. Општината должи на Светска банка 53 милиони денари. ЈП Комуналец има загуба од 7 милиони денари, дури и ЈП Погребално – за прв пат во историјата – е во загуба од 1,5 милиони денари.

Ова е скандинавска статистика, со африканско ниво на услуга.

Ништо од она што пред 4 години го ветува ВМРО-ДПМНЕ и Владев не е реализирано. Пречистителната станица не работи. Мирисот на смет и отпад сè почесто се шири конОвчеполието – сведоштво за неспособност и негрижа.  Секоја крстосница во градот е со искршен асфалт. Улиците се раскопани, небезбедни изаборавени од Владев.  Градскиот парк – место што треба да биде белодробен систем на Свети Николе – денес е симбол на запуштеност. Исушено зеленило, искршени реквизити, ниту едно ново дрво.

Дури и во индустриската зона, каде требаше да се создава економски напредок, асфалтот е веќе уништен, нема одвод и се прават нови штети. Проекти без надзор, без основа, без план. Ниту ветените соблекувални кај Градскиот стадион не се реализирани.

Ова е управувањето со Свети Николе на ВМРО-ДПМНЕ. Четири години – без ниеден крупен реализиран проект. Четири години – лаги, раскопани улици и долгови.Четири години – градот тоне.

Свети Николе заслужува повеќе. Заслужува вода што не мириса, улици што не кршат автомобили, општина без долгови и институции што не пропаѓаат.

На локалните избори, граѓаните ќе го стават крајот на ова недомаќинско и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Владев.

Ќе се избере пат на развој и реални проекти. Ќе се стави крај на „скандинавските“ манипулации со балканска неспособност.

Време е за промени во Свети Николе. Време е за СДСМ да ја врати општината на вистинскиот пат.

Поврзани вести