
Луѓе фатени во корупција ниту може некого да прозиваат а уште помалку да се претставуваат како некаква морална алтернатива.Максиме, нема бегање од вистината, сè излегува на виделина. Тоа досега требало да ти биде јасно, реагира СДСМ на изјавите на Димитриевски за Златната виза на Филипче.
Како што излезе и корупцискиот скандал со златни парцели поврзани со тебе и твојот кум.
Народот чека одговори и бара одговорност. Погледни ги граѓаните во очи и кажи. Како се вртат 350.000 евра преку бизнис зделки во твојата општина?
Максиме, прочитан си до максимум. И од членовите на ЗНАМ и од граѓаните, затоа ти бега членството.
Откако СДСМ ја искористи за личен бенефит, ЗНАМ ја направи само да ти биде алатка за твоите бизнис интереси и лично богатење, параван за твоето слугување кон ВМРО ДПМНЕ. Тоа веќе сите го знаат.
Македонија ќе ја биде кога од политичката сцена ќе се искоренат полуписмени и криминализирани луѓе кои политиката ја користат само за да украдат нешто, макар и еден пар чизми