Skip to main content

СДСМ нема никаква соработка со ДУИ и Левица, тоа се само празни, неиздржани обвинувања, вели Филипче

СДСМ нема никаква соработка со ДУИ и Левица. Тоа се само празни, неиздржани обвинувања, рече денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче.

Тој на прес-конференција повтори дека партијата на локалните избори настапува само во соработка со своите коалициски партнери. На ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ им порача да зборуваат за сериозни теми, наместо да се препукуваат и, како што нагласи, да подгреваат национализам.

Поврзани вести