Skip to main content
Став на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ не се извинува и го штити Груби

СДСM и Филипче месец дена се препелкаат во сопствените лаги за криминалот на Груби и ДУИ во нивен мандат и не се извинува и се обидува да го штити Груби, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и Филипче ги манипулираат граѓаните и дефокусираат, иако целата јавност знае дека тие се оние кои му овозможија на Груби да го спроведува својот криминален поход врз државните ресурси.

СДС, не само што знаеја за криминалот на Груби, туку свесно го толерираа водејќи се од единствениот нивни приоритет, а тоа е останување на власт.

Обидот на СДС со декларативни изјави и формално оградување од ДУИ се неубедливи и провидни, бидејќи народот знае дека зад секоја криминална активност на Груби стоела премолчана поддршка од СДС.

СДС се наоѓа на крстопат и ако сакаат да покажат капацитет за внатрешни реформи, неопходно е јавно да се извинат за криминалот на Груби, во спротивно ќе докажат само дека се уште го штитат.

Поврзани вести