Skip to main content
OБВИНИ ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ е против САД за изградбата на дата центри

Опозициската СДС на иста линија како и Кина, против Соединетите Американски Држави,обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Хистеријата којашто изминатиот период СДС ја шири против евентуалната изградба на дата центри, е на иста линија со Кина и против технолошки најразвиената држава во светот и наш стратешки партнер, САД.Во изминатиот период, слично како кај нас што прави СДС, и во САД, главно преку социјалните мрежи, се креира јавно мислење кое американскиот народ треба да го сврти против изградба на дата центри.

Неколку медиуми во Америка известуваат дека ваквото спротивставување против дата центри е организирано од Кина преку голем број профили од кинеска фарма за ботови кои на социјалните мрежи се обидуваат тивко да влијаат врз Американците.

СДСМ

Тезите во објавите на овие ботови, се слични како и тие кои ги користи и СДС, дека вештачката интелигенција, односно изградбата на дата центрите го оптоварува електроенергетскиот систем, ги зголемува сметките за струја, а поединци ќе се богателе на сметка на јавниот интерес.

Според пишувањата во американските медиуми, Кина тоа го право со намера на влијае врз својот најголем конкурент, затоа што моментално со САД се во трка да ги изградат најсовремените дата центри и најнапредни системи за вештачка интелигенција во светот.

И од ова гледна точка, делувањето на Кина преку ботови на социјалните мрежи да влијаат врз Американците да се спротивстават на изградбата на дата центри за вештачка интелигенција, до некаде е разбирливо.

Но, прашањето е што ги тера СДС и кој е нивниот интерес да бидат на иста линија со Кина и да се стават во функција против Америка, да шират хистерија, страв и паника во јавноста со единствена цел, граѓаните да ги свртат против можноста во државата да се градат центри за податоци кои кај нас би дошле како странска директна инвестиција.

Како ВМРО-ДПМНЕ му порачуваме на СДС дека безуспешни ќе им бидат сите обиди за да го спречат развојот на државата, и да се стават на иста линија и во служба на интереси против нашите стратешки партнери.

Иднината на светот е развојот на високата информатичка технологија и Македонија мора да го фати чекорот, за и во ова индустрија да не биде во последните родови, секако со почитување на сите законски прописи кои гарантираат заштита на животната средина, домашните ресурси и државните интереси.

Поврзани вести