
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски се обрати на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Маврово и Ростуше.
Сакам да му заблагодарам на премиерот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој посветува многу време да помогне на овој регион, мавровскиот регион, ростушкиот регион, Скудриње и секаде онаму каде што чувствувате потреба дека се потребни итни промени – рече Сајкоски.
Тој потенцира дека на Маврово-Ростуше му се потребни итни промени, нов градоначалник, градоначалник како Онер Јакуповски.
Знаете дека во изминатите четири години во општина Маврово-Ростуше не е реализиран ниту еден проект. Или тој што е реализиран е криминално реализиран и недозавршен. За да може да се реализираат проекти, за да може да се развива Маврово-Ростуше, за да можеме да имаме успешни локални и соработка со централна власт потреба ни е силна поддршка – изјави Сајкоски од митингот во општина Маврово и Ростуше.