Skip to main content

Сајкоски: Ќе ја градиме Македонија заеднички со граѓаните за сите генерации кои доаѓаат да биде достоинствена и горда

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани, се обврзавме пред вас дека Македонија ќе ја направиме подобро место за живеење. Си ветивме едни на други дека ќе работиме напорно да ја подобриме инфратруктурата, да имаме подобра економија, да имаме развој во сите сектори на општественото живеење, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

По доаѓањето на власт, видовме дека оваа поранешна структура остави празен буџет, отави лоша инфратруктруа, остави последици во сите сектори.

Меѓутоа, нашата напорна работа, нашата активност, нашата поветеност ќе донесе резултати. За брзо ќе имаме правна и економска сигурност, имаме држава онаква каква што заслужуваат нашите граѓани.

Во изминатиов период направивме повеќе и во инфраструктурата,  направивме да има повеќе и за образование, направивме повеќе да има и за пензионерите, направивме во сите сектори да има плус.

Затоа, верувајте дека ние Македонија ќе ја градиме заеднички со вас. Ќе ја направиме Македонија да биде место за живеење онакво какво што заслужуваат нашите граѓани. Верувајте дека темелите што ги градиме денес, ќе ги доставиме трајно да бидат надоградувани за сите генерации кои што доаѓаат после нас за Македонија да биде достоинствена и горда, истакна Сајкоски.