Skip to main content
0naJjvAh7OM

Саем – Отчет под мотото „4 години работа за тебе“

Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ кој започнува денес, 23.08.2025 во 11:00 часот во просториите на хотел Холидеј Ин, Скопје.

Настанот ќе биде отворен со воведно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во 11:20 часот.

После тоа започнуваат панел-дискусии со градоначалниците насловени „Четири години работа за тебе” и истите се поделени по региони.

Во 12:10 панел дискусија со градоначалниците од Скопскиот регион, во 13:40 со градоначалниците од Источен регион, во 14:40 од Југозападен регион, во 15:40 од Југоисточен регион, во 16:40 Вардарски и во 17:40 со градоначалниците од Пелагонискиот регион.

Воедно, секоја општина ќе има и промотивен штанд, на кој присутните ќе можат да ги разгледаат отчетите на градоначалниците и одблиску да се запознаат со нивната работа.

Поврзани вести