
Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје, јави дописникот на МИА од Кочани.
Роднини и блиски на починатите се противат на ваквата одлука и спонтано го блокираа влезот во болницата.
Медиумите пренесуваат дел од атмосферата пред болницата, во која може да се видат огорчените родители кои не ги пуштаат своите починати деца да бидат однесени во Скопје на Судска медицина.
Како што јавува „Дојче веле“, пред болницата е тензично. Дел од родителите чии деца во текот на изминатата ноќ загинале во пожарот во дискотеката бараат нивните тела да им бидат предадени веднаш, да не се чека натамошна обдукција.