
Кандидатот за градоначалник на општина Конче од коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Ристов се обрати пред присутните на мини-митинг во село Ракитец.
Поминаа четири години откако ја започнавме заеднички нашата приказна наречена успешна и значајна општина Конче. Секојдневно заеднички ја градевме, село по село, улица по улица водејќи сметка за ниту едндо село на општина Конче да не биде заборавено – рече Ристов.
Тој истакна дека не беше лесно, со оглед на фаткот што затекнале.
Затекнавме пустош и недомаќинско работење, но тоа е зад нас, било и никогаш да не се повтори. Во мојата работа како градоначалник секогаш се водев од потребите на месното население, ги слишав вашите предлози заеднички ги решававме сите проблеми – рече Ристов.

Македонски








