
Пријателот на премиерот Христијан Мицкоски, Ричард Гренел- поранешен шеф на Националната разузнавачка служба, сега е назначен на висока позиција на Балканот.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека го назначува Ричард Гренел, за претставник на претседателот за специјални мисии и политика кон некои непријателски држави, вклучително и Северна Кореја.
Рик ќе работи на некои од најжешките точки во светот, вклучувајќи ги и Венецуела и Северна Кореја, објави Трамп на Трут Соушл, без детали за новите должности на Гренел, кој беше и специјален пратеник на претседателот за преговорите меѓу Белград и Приштина од 2019 до 2021 година.

Гренел ќе се фокусира и на тензиите на Балканот.
Инаку, една меѓу првите средби на премиерот Мицкоски, по добивање на премиерската функција беше во Вашингтон со еден од најблиските луѓе на Трамп, Ричард Гренел.

Првата средба со Гренел и Мицкоски беше во Вашингтон, на која присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, а втората средба следеше брзо потоа во кабинетот на македонскиот премиер.
