
Денеска се одржа проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Анџела Агелер. На средбата беше изразена благодарност за нејзиниот ангажман, поддршката и придонесот во унапредувањето на односите меѓу двете држави.
Во пријатна и конструктивна атмосфера се разменија мислења за досегашната соработка, како и за значењето на партнерството и заедничките вредности. Упатени беа искрени желби за успех во нејзините понатамошни професионални ангажмани, беше соопштено на социјалните мрежи.

Македонски





