Skip to main content

Претседателката Сиљановска во сабота ќе присуствува на погребот на папата Франциск

Facebook/Gordana Siljanovska Davkova

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциск кој ќе се одржи во сабота на 26-ти април во Рим. Ова го соопштија од Кабинетот на шефицата на државата.

135 кардинали од сите континенти се поканети во Светата Столица да присуствуваат на погребот и општите конгрегации, пред конклавата на која ќе биде избран новиот поглавар. Последна желба на папата е да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во центарот на Рин, наместо во базиликата „Свети Петар“.

Од останатите светски лидери, претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп ќе присуствуваат на погребот. И францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека ќе присуствува. Се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски да се појави во Рим.

Сиљановска-Давкова вчера се огласи по смртта на папата.

Како народен папа, му го честиташе на христијанското семејство Христовото воскресение и утринава мирно си замина во вечноста. Јас пак, по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност, напиша Сиљановска Давкова, споделувајќи фотографија од нејзината средба со Франциск.

Поврзани вести