Skip to main content

Премиерот Мицкоски во посета на општина Тетово

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Тетово, каде, како што е најавено, ќе изврши увид во градежни активности на проектот „Изградба на булевар Видое Смилески Бато, I фаза од Фуштанска до село Порој“.

Проектот опфаќа изградба на коловоз, разделен појас, тротоари, фекална и атмосферска канализација, водовод и електрика.

Вкупната должина на булеварот изнесува 1.783 метри, а со првата фаза се реализирани 650 метри.

Поврзани вести