
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива до советите во нивните општини за формирање документ со кој ќе се гарантира дека мигрантски кампови нема да има, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски
Премиерот истакна дека ширењето на лажна паника за мигрантски кампови e кривично дело.
– Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следната недела ќе достават до советите документ со кој ќе се потврди политикака против нелегалната миграција и генерално такви процеси, дека нема на територијата на тие општини да се создадат мигрантски кампови и ќе побара од надлежните институции согласно Кривичниот законик да поведат процеси против сите оние кои што сеат страв и паника и покрај јавно изнесените деманти од страна на Владата – подвлече Мицкоски пред новинарите.
Премиерот го повтори цврстиот став на Владата во врска со наводите и шпекулациите за кампови, но исто така истакна дека во темелните вредности на ВМРО-ДПМНЕ е антиемигрантската политика.
– Јас не можам да се изначудам сè уште кој ги насанка на оваа тема, бидејќи оваа тема тотално не иде на нивна полза, бидејќи самите тие на владина седница гласале за да се градат такви прифатни центри за што имало протести во минатото вклучително и ние. Јас кажав во една моја изјава дека во темелните вредности на ВМРО-ДПМНЕ е антиемигрантската политика, за што бевме обвинувани дека сме ксенофобична партија. Сега сосема спротивни обвинувања од страна на СДСМ, а вистината е јасна, апсолутно. Таква работа ниту ќе се случи, ниту има план дека такво нешто би се случило, впрочем такви беа изјавите од единствен иот официјален извор, а тоа е Британската амбасада во земјава, рече Мицкоски.
Mицкоски откри и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе побара од надлежните институции согласно Кривичниот законик да поведат процеси против сите оние кои што сеат страв и паника и покрај јавно изнесените деманти од страна на Владата.
– Тие се кривично одговорни за тоа што го прават бидејќи јас разбирам дека имате во вашата партија проблеми, не можете да формирате Извршен одбор, никој не ви се нафаќа, општински организации, и тоа е во ред. Разбирам таа тема да ја терате еднаш два пати, но кога веќе официјално стигнува демант од претседателот на Владата, соодветните министерства внатрешни, надворешни, мислам дека од тој момент па натаму вие го поминувате рубиконот и вие свесно и покрај демантите ширите паника и за тоа во кривичниот законик се предвидени одредени санкции. И јас ги повикувам соодветните органи да излезат од тие октроирани стеги на претходната Влада на СДСМ и ДУИ и против овие лица да покренат процеси затоа што многумина од граѓаните со право ми се јавуваат и ме прашуваат и покрај тоа што еве веќе една недела зборуваме со деманти и кажуваме дека такво нешто нема да се случи – рече тој.
Ќе дојде пролет и мигранти нема никој да види, вели премиерот.
– Јас реков трајно ја напуптам политиката ако раководството на СДСМ, тоа бар што остане таму, пронајде мигрант кој што е дел од договорот со Велика Британија или кој било договор – истакна Мицкоски додавајќи дека сега му ги бројат овие последни години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонски






