
Утре, на седми март, (петок) во 12 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на почеток на реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во с. Драчево во Општина Кисела Вода.
Вредност на проектот за реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во должина од 2,5 км и ширина 4 м изнесува 30.000.000 денари.
Ова е еден од четирите капитални проекти на Општина Кисела Вода кои се реализираат со средства од државниот буџет по првиот јавен повик за финансиска поддршка на општините.