
Во анкетата на МКД.мк,на актуелното прашање за смена на Судскиот совет и на јавниот обвинител, мнозинството од испитаниците дале позитивен одговор. Околу половина од испитаниците сметаат дека треба да се смени Судскиот совет (50,3%), а нешто помалку, 45,7% сметаат дека треба да се смени јавниот обвинител. Негативен одговор на ова прашање дале околу 20 отсто од испитаниците

Анкетирањето беше спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).
Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.