Skip to main content

Прва работна посета во странство: Средба со словенечкиот министер за здравство за унапредување на соработката

Министерство за здравство

Министерот за здравство оствари средба со својот словенечки колега, д-р Тадеј Острц, во рамки на својата прва работна посета во странство.

Изборот на Словенија за првата официјална средба со странски колега ја одразува важноста на заедничката историја, сличностите во политичкиот систем, географските и демографските карактеристики, како и словенечките искуства во спроведувањето на здравствените реформи.
На средбата беа разменети информации за состојбите, предизвиците и плановите во двата здравствени система. Посебен акцент беше ставен на Националната диспечерска служба и Словенечкиот индекс за итна медицинска помош, програмите за рана детекција на рак и управувањето со радиодијагностиката.
Двајцата министри се договорија разговорите да продолжат и за другите реформски планови, како и за постојниот заеднички проект за реформа во областа на медицинските сестри.

Министерство за здравство

Во разговорот беше истакната потребата од подобрување на здравствената заштита за македонските студенти во Словенија, како и од проширување на можностите за размена на стручњаци и за лекување.
Министерот изрази благодарност до својот словенечки колега за отвореноста и подготвеноста за споделување на словенечките искуства, како поддршка во унапредувањето на здравствениот систем.

Поврзани вести