Skip to main content

Поранешниот лидер на подмладокот на СДСМ од Кочани признава дека бил активен во толпата, но таму бил професионално, како новинар

Некогашниот лидер на подмладокот на СДСМ од Кочани, Стојан Рашков, претставувајќи се како новинар, беше дел од тие што ја подбуцнуваа толпата и ја потпалуваа атмосферата на вчерашниот собир во Кочани со цел да се радикализираат случуањата.

Неговата улога во обидите за радикализација на случувањата е снимена и со камерите на присутните медиуми, нешто што и тој самиот го потврдува во објава на социјалните мрежи.

Како што вели во објавата, поради неговите постапки, тој бил осомничен од полицијата за поттикнување насилство, нешто за што тј вели дека е алатка за притисок врз него.

Во својата објава, тврдењето дека е подложен на полициски притисок, Цсе обидува да го поткрепи претставувајќи се како новинар и фотограф, на што додава уште неколку функции како писател, дипломат или младински активист, но, „заборава“ да посочи дека е политички активист на СДСМ кој активно уествуваше во насилните постапки за време на протестото во Кочани.

Истовремено, Рашков заборава дека доколку бил на протестот професионално, во улога на новинар што известува од лице место, не треба да биде директен учесник во вандализирањето на објекти, нешто за што самиот потврдува дека бил активен учесник.

Поврзани вести