
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција денеска се обрати и на ДУИ и на Али Ахмети, и кажа дека политиките на национализам и вештачки теми за орли и зајци се веќе поразени.
Имам порака за ДУИ, кога Али Ахмети се фалеше дека менувал премиери, реков: „полека, смири се, непријатно ќе бидеш изненаден од резултатот“. Ова е тој ден. Она што е најважно е што овие избори политиките на етноцентризам и национализам и вештачки теми за орли и зајци, и теми кои се небитни за граѓаните, се поразени, а се отвора прашање за реформи во опозицијата. Јас не посакувам послушна опозиција, но далеку покоцентрирана и покапацитетна од оваа која зборува за орли и зајци“, рече Мицкоски.