
Денеска до претседателот на Сообранието Африм Гаши пристигна инцијатива за одземање на имунитетот на пратеникот од Левица Сашко Јанчев од Левица.
Причиnа за бараањето кое од загрижени родители е сообраќјната несреќа која ја предизвика кај селото Идризово на 14 септември во која беа повредени малолетници од 16 и 13 години. Токму мајката на едно од повредените деца е подносител на инцијативата. Двете деца имаа тешки телесни повреди по несреќата а едно за жал почина.
За пратеникот се уште нема покренато обвиниение и мајката на повреденото девојче, Богица Тодоровска смета дека тој може да ја злоуптреби својата положба и да не одговара за делото што го сторил. Таа е разочарана што пратеникот не нашол сили да се извини и да поразговата со семејсгвата на жртвите.

Македонски







