Skip to main content

Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе се одржи на 20 март 2025 година

Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе се одржи на 20 март 2025 година, утврдени се спорните правни прашања во врска со иницијативите по овој закон, како и листата на учесници, која ќе биде отворена за јавноста, договорено е на денешниот работен состанок во Уставниот суд, потврди за МИА претседателот Дарко Костадиновски.

Како што информираше Костадиновски на последната прес-конференција, за листата на учесници на подготвителната седница биле предложени повеќе од 20 имиња, експерти по уставно право, меѓународно право, човекови права и поранешни судии на Европскиот суд за човекови права.

На седницата на Уставниот суд на 11 декември Костадиновски истакна дека одлуката за одржување подготвителна седница за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците не треба да се толкува како слабост. Тој тогаш најави дека најдоцна до мај, Судот ќе одлучува по предметот.

По завршувањето на подготвителната седница, не повеќе од месец дена, ќе им бидат потребни за разработка на рефератот врз основа на резултатите од подготвителната седница, што значи, како што рече, најдоцна во мај Судот ќе одлучува по предметот.

Поврзани вести