
По повод почеток на новата учебна година претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе го посетат ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода.
Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.
Министерството за образование и наука соопшти дека во учебната 2025/2026 година настава во основните и во средните училишта ќе посетуваат 245 илјади ученици. Во основните училишта има 177.800 ученици од кои 17.250 првачиња, додека средно училиште ќе посетуваат 67.200 ученици.