
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, упати остри критики кон СДСМ и лидерот Венко Филипче, обвинувајќи ги дека, како што вели, функционираат во „паралелен свет на лаги и политичка заблуда“.
Во писмено обраќање, Петрушевски оцени дека СДСМ и Филипче ги претставуваат поразите како победи и, според него, ги менуваат фактите со конструкции.
„СДС и Филипче функционираат во сопствена реалност, паралелен свет во кој поразите ги претставуваат како победи, а фактите ги менуваат со конструкции“, наведува Петрушевски.
Тој посочи дека СДСМ, како што тврди, ликува за изборни резултати во други држави, додека нивните сестрински партии бележат слаби резултати.
Дополнително, Петрушевски обвини дека СДСМ не се дистанцира од поранешниот премиер Зоран Заев и неговите политики, туку, според него, продолжува со истата политичка матрица.
Во однос на изборните резултати, тој истакна дека СДСМ освоил 18 пратеници на парламентарните избори и околу 130 илјади гласови на локалните избори, што, според него, партијата ги претставува како успех.
„Време е СДС и Филипче да се разбудат од оваа политичка фантазија и конечно да се соочат со реалноста“, порача Петрушевски.

Македонски


