Skip to main content
O6UMV58GdkA

Петрушевски: Артан Груби е на црната листа на САД за корупција која ја правел во иста влада со Венко Филипче, со секој поминат ден без постапка против него ЈО паѓа под секое дно

Артан Груби е на црната листа на САД за корупција која ја правел во иста влада со Венко Филипче, со секој поминат ден без постапка против него ЈО паѓа под секое дно. Артан Груби земал мито за да влијае на судски одлуки, тоа го потврди Стејт департментот. Само ЈО и правосудството во Македонија уште не гледаат криминал кај него, вели Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ со години поставува судии и обвинители, а врвот на таа партија ги користи така поставените кадри за да управува со судските одлуки. Голем број судии и обвинители се под нивен плашт.

Артан Груби е колега на Венко Филипче, тие го узурпираа судството.

Сега на сите им е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ со месеци повикува судството и обвинителството да почнат да работат по закон. А воедно и зошто СДС и ДУИ на таквите прозивки обвинуваат за политички притисок. Затоа што губат контрола и ќе треба да одговараат за целиот криминал кој го правеле.

И циркусот пред Уставен суд е режија на ДУИ за политичка и медиумска видливост. ДУИ кои заедно со СДС ги поставија судиите, сега штрајкуваат против истите.

Се што правеше ДУИ и СДС изминатиов период е за спас од одговорност. Обрачот се стега и веќе се извадени на чисто, граѓаните можат јасно да видат кој што правел, а обвинителите и судиите немаат голема комоција да се вадат дека не виделе или не знаеле.

И обвинителите и судиите да почнат да работат по закон. Одговорност мора да има – додава Петрушевски.

Поврзани вести